CHRYSLER AIRFLOW CONCEPT-КРАЈСЛЕР И НЕГОВИТЕ АЕРОДИНАМИЧКИ МОДЕЛИ

26/01/2022

Иако е американска марка, Крајслер е во јатото на европскиот конгломерат Стелантис. Така стојат работите со оваа марка откако истата беше купена од Фиат. Многу марки во еден „балон“, но секоја со својот „товар“ и дизајн. „Крајслер ерфлоу концепт“ го докажува претходно напишаното. Ако буквално до вчера американскиот дизајн беше далеку зад европскиот, сега е обратно. Кросовер има повеќе од допадлив дизајн, но и „стла“ вештачка интелигенција направена во „кујната“ на Стелантис, која ќе раководи со сите операции во автомобилот.

До 2028 година сите возила на Крајслер ќе добијат целосна електрификација, а првото треба да биде претставено најдоцна до 2025 година. Концептот „ерфлоу“ кажува во која насока ќе се движи Крајслер во ерата на електрификацијата. И не мора да биде само концепт, може да биде и сериски, ако главните одобрат влез во производство. Крајно време е сериските автомобили да бидат убави како концептите. „Ерфлоу“ поседува 201 КС на оска или вкупно 402 КС, уред за брзо полнење, а заедно со вештачката интелигенција концептот ќе може самостојно да управува.


Името „ерфлоу“ е позајмено од моделите кои егзистирале во ’30 години од минатиот век. Всушност „ерфлоу“ било едно цело семејство од подмодели со не било каков дизајн, туку дизајн приспособен на аеродинамиката. Во тоа време Крајслер за првпат ја воведува аеродинамичката линија како важен дел од автомобилот.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.