KIA CARENS-„ЛАЃА“ СЕДМОСЕД

24/12/2021

Најдобриот од сите семејни возила го виде светлото на денот. „Каренс“ е во прашање, еднопросторен модел на КИА кој за првпат беше претставен на 16 овој месец во Индија. Најновиот дизајн потсетува на просторната класика, односно нешто како кутија со исклучиво нагласен оддел каде е сместен моторот. Тоа ни кажува дека четвртата генерација од моделот „каренс“ сега располага со два простори, едниот наменет за погонската единица, а другиот за патниците.

Најзначајно кај сите досегашни генерации е внатрешноста за патниците која се одликува со беспрекорна удобност, безмалку како да сте дома во фотeлја. Трите редови седишта се вредни за нагласување. Досега спомнатите чинители имаат голема употреблива вредност, удобност и голем простор плус седум седишта и кога на ова ќе го додадеме безбедносниот пакет од сериска опрема и завршната доработка, тогаш добиваме збир од особини на кои ниту едно семејство не може да им одолее. И не само семејствата туку и сите други кои имаат потреба од три редови седишта.
Шест воздушни перничиња, електронска контрола на стабилноста, управувач со стабилноста на возилото, помош при искачување, диск сопирачки на сите тркала и дополнителна помош при сопирање. Ова е тој безбедносен пакет со кој КИА ја нагласува врвната безбедност на возилото. Дека КИА се грижи за останатите нешта, доволно кажува следниов податок, звучните кутии се од марката „бос“ и ги има осум на број.


Ќе има и дизел и бензински мотори, односно сите купувачи да бидат задоволни. За преносот на силината вградени се и обичен и автоматски менувач, зависно од потребите. Информацијата кога ќе стаса новата генерација од моделот „каренс“ кај нас, ја има увозникот.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.