AUDI Q5-E TRON-НАЈГОЛЕМИОТ ВО СЕМЕЈСТВОТО НАМЕНЕТ САМО ЗА КИНА

07/12/2021

Како што тргнале производителите на автомобили, ноември беше месец со најмногу новости во годината. Меѓу другите и Ауди се придружи во гужвата од новости со моделот „ку 5 е-трон“, електрично возило за забава („сув“) со седум седишта, а јавноста имаше прилика за првпат да го види на Салонот за автомобили во Гвангжу.


Седумте седишта се распоредени во три реда, но може да бидат и шест. Да речеме за нијанса поудобна изведба ги има тие шест седишта. Штом возилото има три реда седишта, веднаш се насетуваат димензиите, возилото не е од тие стандардните, туку е малку поголемо од нив, а ова е долго точно 4.876 мм, широко 1.860 мм и високо 1.675 мм и со меѓуоскино растојание од 2.965 мм. Според бројките, „ауди ку 5 е-трон“ е најголемиот „сув“ во семејството и штета што не се нуди на континентов и кај нас, а има клиенти што сакаат кабасти сув возила. Токму тие возила кај нас многу лесно „поминуваат“ – излегуваат од продажните салони.


Производителот нуди две изведби, едната носи ознака „40“ и има една погонска единица, електромотор, со силина од 204 КС, додека таа со ознака „50“ има два електромотори со вкупна силина од 312 КС. Батеријата е со капацитет од 83,4 kWh доволни за изминување на 460 км (влтп цилкус) или 560 км (недц циклус). Возилото е правено на основа од модуларната платформа „меб“, а истата ја користи и претходно претставениот Фолксвагенов модел „и.д. 6“. Повторно ќе нагласиме, сè е тоа убаво само што „ауди ку 5 е-трон“ засега ќе биде наменет исклучиво за Кина.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.