BYE AEROSPACE EFLYER 800 Е АВИОН СО ЧИСТ ДИЗАЈН, КОЈ ЌЕ ПОНУДИ ДОВОЛНО МЕСТО ЗА ОСУМ ЛУЃЕ, ВКЛУЧИТЕЛНО И ЕДЕН ИЛИ ДВАЈЦА ПИЛОТИ. ЌЕ ИМА ДВА МОТОРА, КОИ ЌЕ ЈА НАПОЈУВААТ МРЕЖАТА СО ЕЛЕКТРИЧНИ ЌЕЛИИ, РАСПОРЕДЕНИ ПРЕКУ НЕГОВИОТ РАМ
Ова е трет модел во флотата електрични авиони на денверската компанија, но прв со два мотора. eFly 2 е двосед за професионално тренирање кога е летањето во прашање, кој се појави во 2014 година, кога е основана и компанијата, додека eFly 4 е четворосед наменет за таксирање и напредно тренирање, а се појави малку подоцна. И двата модела имаат по 360 идни сопственици што едвај чекаат да ги провозат.
„eFly 800 е прв авион со пропулзивна технологија, која е целосно електрифицирана, со twin-turboprop перформанси, чија безбедност е неоспорна, без CO2 емисија и доста ниски оперативни трошоци“, вели George E. Bye, CEO на компанијата.
Според наводите, eFly 800 ќе има преоден опсег од 925 километри, 45 резервни батерии за своите мотори и ќе може да лета на максимална висина од 10,66 километри. Авионот ќе има брзо воздигнување од еден километар по минута, брзина на крстарење од 518 километри на час. Bye вели дека бројките на перформансите го вбројуваат во топ пет најбрзите авиони од овој тип. И што е уште поважно, цената на авионот ќе биде пет пати пониска во однос на моделите кои користат фосилни горива, со малку бука и без CO2 емисија.
Компанијата се ослонува на висока моторна и аеродинамична ефикасност, за која верува дека ќе бида два пати поголема во однос на традиционалната. Благодарејќи на перформансите, се очекува заштеда на оперативните трошоци за осумдесет проценти, а тоа е очигледно и кога се работи за eFly 2, каде што еден час летање чини 23 долари, наспрема 110 долари колку што се потребни за еден час летање со традиционалните модели од овој тип.
ENGINeUS моторите и GENeUSGRID електричната дистрибуција и системот за заштита на мрежата ги дизајнира компанијата Safran. Соработка со Bye Aerospace започна пред седум години, отприлика, кога всушност се појавија првите два електрични модели. Двете компании и понатаму истражуваат, вршат процена, кој електричен погонски склоп ќе биде најефикасен, имајќи го предвид фактот што портфолиото на Safran вклучува и мотори кои можат да обезбедат сила што се движи од 50 Kw до 1 MW.
Стандардните безбедносни опции вклучуваат авионски падобран и два крилни мотори, за разлика од еден што се монтира на носот, а има дуални намотки. Непрекинатото напојување ќе го овозможи Quad Redundant батериското пакување. Дополнителните погодности ги вклучуваат и суплементарните соларни ќелии, системот за автоматско слетување во итни случаи, избегнување на релјеф, како и опција за електрично таксирање на земја со цел да се заштеди енергија.
Засега цената на овој новитет не е објавена, но без оглед на тоа, бројот на интересентите расте.