ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА МОТО КЛУБОТ „МОТО ВЕЛЕС“, ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА МОТОЦИКЛИСТИЧКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА И ОПШТИНА ВЕЛЕС, НА ЕНДУРО ПАТЕКАТА ВИСОКО НАД ВЕЛЕШКОТО ЕЗЕРО МЛАДОСТ НА 29 МАЈ СЕ ОДРЖА ПРВАТА ТРКА ОД ДРЖАВНИОТ ЕНДУРО ШАМПИОНАТ ЗА 2021 ГОДИНА.
Годинава ендуро патеката над езерото Младост беше многу напорна и со тешки препреки, на нерамен земјен терен, но сепак искусните и почетниците ендуро возачи, вкупно 40 од земјава, ја извозеа за околу 3,5 часа. За разлика од лани, годинава имаше плус еден круг, односно четири круга, секој по 25 километри, со пет теста. Гости на трката надвор од конкуренција беа ендуро шампионите на Косово.
ДРАГАН ВАНОВ ОД МК „МОТО ВЕЛЕС“ ПОВТОРНО ПРВ
Велешанецот Драган Ванов од Мото клубот „Мото Велес“ освои прво место и златен пехар на првата ендуро трка од државниот Ендуро шампионат за 2021 година на ендуро патеката над езерото Младост. Четирикратниот шампион во ендуро три- пати едноподруго и освојувач на три златни шлемови за „АМСМ Клуб Мобилити“ изјави дека трката била многу тешка и напорна, но дека е многу среќен што во мошне силна конкуренција имал најдобро време, со кое го освоил првото место во најтешката класа Е 1 до 250 кубици.
– Очекувам и годинава да го освојам Шампионатот во ендуро што ќе ми овозможи да настапам на меѓународни ендуро трки бидејќи тука веќе немам конкуренција, најави Ванов.
Тој оцени дека годинава првата трка била долга и тешка, но сепак со голем напор и концентрација успеал да ги совлада сите препреки и да биде најбрз на петте теста на трката.
Втор во класата Е1 беше Михаил Бајовски од МК „Хамачи Екстрим“, а трет велешанецот Виктор Караколев, кој се натпреварува за скопскиот клуб „Ендуро тим“.
Осумнаесетгодишниот Дамјан Митев од МК Годинава ендуро патеката над езерото Младост беше многу напорна и со тешки препреки, на нерамен земјен терен, но сепак искусните и почетниците ендуро возачи, вкупно 40 од земјава, ја извозеа за околу 3,5 часа. За разлика од лани, годинава имаше плус еден круг, односно четири круга, секој по 25 километри, со пет теста. Гости на трката надвор од конкуренција беа ендуро шампионите на Косово. „Storm Rajders“ од Куманово првпат учествуваше на ендуро трката со својот Kawasaki KXF 250. Заедно со уште тројца колеги од неговиот клуб се натпреваруваше во класата Е1.
– Патеката беше тешка, напорна, но одлично трасирана и со многу препреки што успеав да ги совладам и многу сум среќен што стигнав на целта, рече Дамјан.
Во класата Е 2 прво место и златен пехар освои Марко Златановски од МК „Ендуро тим“ од Скопје, втор беше неговиот клупски колега Андреј Милковски, а трет Синиша Николоски од МК „Мото Велес“.
Во класата Е 3 прв беше Куштрим Прекороѓа од МК „Ендуро Тим“, втор неговиот клупски колега Петрит Лушаку и трет Ангелче Стојковски од овој клуб.
ТЕШКИОТ ТЕРЕН Е ПРЕДИЗВИК ЗА ВОЗАЧИТЕ
Баже Шишковски, член на Мото клубот „ENFORSES“ од Скопје се натпреваруваше со својот Kawasaki 450 кубици во класата Е 2 на патеката што секоја година се менува.
– Патеката беше напорна и со многу изне- надувања, но тоа е целта на ендуро – да се снајдеме на непознат терен: камења, река, лизгави површини, големи угорнини за искачување. Но на ендуро возачите големпредизвик им е различниот терен, поква- литетно да го искачуваат секој нареден круг, да постигнат подобро време и подобри перформанси и секогаш се трудат да дојдат до подобри резултати, нагласи 31-годишниот ендуро возач Шишковски.
Тој појаснува дека ова е трка за издржли- вост и мотоциклистот и мотоциклот мора да бидат во спрега затоа што не се во пра- шање само неговата јачина и квалитет.
– Во трка од 100 километри имаше 20 ки- лометри планински предел, со секакви природни препреки. Времето нè послужи, беше сончево и добро за возење, со сува подлога, иако на повеќе места имаше и вода и други лизгави препреки, појасни Шишевски. Тој вели дека натпреварувачите очекувале дека ќе биде полесно, но организаторот на- правил некои специфични тестови, а учес- ниците, сепак, успеале да ги совладаат.
– Целта на тестовите е максимум да го исцрпат возачот. Има и тестови со камења, песок и долг спуст, потоа повторно нов спуст каде што треба брзо да реагираш и да се снајдеш. Ако возачот се лизне, треба да се снајде да се задржи на мотоциклот и да продолжи со возење. Имаше и два вида препреки од гуми, прво легнати во должина од 10 метри, потоа исправени гуми, па беше потребна голема умешност да се совладаат, вели Шишковски.
ВАЖЕН Е ПЛАСМАНОТ, НО НАЈВАЖНО Е ТРКАТА ДА СЕ ЗАВРШИ БЕЗ ПОВРЕДИ
Последниве години во земјава е зголемен интересот за ендуро и постојано се зголемува бројот на возачи, оцени Шишковски. Тоа го потврдуваат и другите возачи што секоја година на ендуро патеката над езерото Младост се сè побројни, а секогаш има и почетници и искусни.
Баже Шишковски појаснува дека во ендуро учествува од 2009 година и дека за секој возач е доживување да биде дел од ваков спортски настан.
– Предизвик е учеството и дружбата на натпреварувањето, да се измерат силите меѓу ендуро возачите, а на публиката да й се прикажат стекнатите вештини. Секако и наградата е мотив плус за учество и можност за натамошен пласман во друштвото на најдобрите и за учество на меѓународни ендуро трки во посилна конкуренција, вели Шишковски.
Тој потенцира дека за да се биде ендуро возач е потребна желба, потоа посветеност, но и финансиски средства.
– Кај нас, за жал, државата не го финансира овој спорт, а многу е популарен во светот. Целото финансирање е на товар на возачот. Се надеваме дека наскоро и државата ќе се вклучи во финансирањето, а ќе има и повеќе спонзори, истакна Шишковски.
Тој појаснува дека во земјава сите ендуро возачи се аматери и овие трките се хоби, со кое далеку од градското секојдневје може да се соочат со непознатото, да освојуваат непознати предели со многу препреки и стрмни планински височини. За да се биде професионалец во ендуро потребни се многу финансии и повеќе спонзори, што би им овозможило на возачите да се концентрираат на трките и да напредуваат во кариерата.
Велешанецот Виктор Караколев, кој сега се натпреварува за скопскиот „Enduro team“ на оваа трка го освои третото место во класата Е1. Поради повреди и други причини првпат се натпреварува по пауза од две години.
– Третпат учествувам во оваа трка и освоеното трето место му го посветувам на мојот прерано починат татко Александар Караколев, кој долги години беше мотоциклист и се натпреваруваше, а беше и меѓу организаторите на оваа трка, појасни Виктор.
ЕНДУРО ТРКАТА НАД МЛАДОСТ ДА СТАНЕ МЕЃУНАРОДНА
Организаторот Сашко Ванов од МК „Мото Велес“, еден од првите ендуро возачи во земјава, по чии стапки оди синот Драган Ванов, уште од 2010 година со големи напори успешно ја организира ендуро трката над езерото Младост и покрај финансиските пречки. Тој се надева дека идната година состојбата со Ковид-19 ќе се стабилизира и конечно оваа трка ќе стане меѓународна и во сите класи, со многу поголем број учесници од повеќе земји.