SHELBY SUPER SNAKE SPEEDSTER-825 МУЗТАНЗИ ВО СПИДСТЕР

27/03/2021

Малку бибер и сол на отворена рана нема да шкоди, зарем не!? Нетипичен почеток за текст во кој производителот претстави супер купе без покрив. Убаво од негова страна, сега лето доаѓа и светската премиера  е токму на време, рана пролет.

„Шелби супер снејк спидстер“ е да речеме некакво продолжение од купето „мустанг супер снејк“. Див коњ кој најчесто ги населувал големите пространства, прериите, од Индијанците наречен мустанг. Кога зборуваме за автомобили, а се спомнува зборот мустанг, тогаш задолжително во игра е Форд, затоа што оваа компанија го има позајмено зборот „мустанг“ за нејзиното купе кое стана еден вид синоним во автомобилската индустрија – една од единиците мерки за спортско купе. Сета работа околу конструирањето на автомобилот ја презема компанијата Шелби Американ и тоа во чест на Карол Шелби, конструкторот на „форд мустанг“ под водство и идеја на најголемиот меѓу најголемите Ли Ајакока, во тоа време главен во Форд.

Компанијата Шелби Американ ќе произведе ограничен број од отвореното купе „шелби супер снејк спидстер“ во чест на Карол Шелби и 98. годишнината од неговото раѓање. По тој повод ќе бидат произведени само 98 примероци. Моторот е ист како кај класичното купе, 5,0 литри со осум цилиндри распоредени во V со силина која заслужува внимание, 825 коњи добиени со помош на супер полначот (слично на турбо само што не ги користи издувните гасови, туку вртежите од моторот). Според желбите на купувачите производителот ќе вградува шестстепен обичен, или, пак, автоматски менувач. Тие се задолжени за преносот на силината исклучиво на задната оска.

825 КС за цена од 135.000 долари, е повеќе од добра „размена“ зачинета со ограничено производство во 98 примероци, односно вистинска реткост за не толку големи пари и заедно со сето тоа имате плочка со опис на автомобилот и потпис на Карол Шелби. И сега некој ќе каже ова не било бибер и сол на отворна рана.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.