SKODA-ВО НАЈАВА ЧЕТВРТА „ФАБИЈА“

25/02/2021

Се ближи датумот за одржување на саемската манифестација во Женева и производителите како по обичај во овој период од годината најнапред покажуваат по една до две слики на кои се гледаат делови од нивниот најнов производ и ја најавуваат светската премиера за некој скорашен датум. Шкода го прави истото, пред некој ден објави фотографија на која се приметува страничната линија на новата фабија и малку магла за „уметнички“ впечаток.

Четвртата генерација од моделеот „фабија“ ќе се прави на универзална пренаменлива основа на која веќе се произведуваат останатите модели од класата во групацијата Фолксваген и ќе биде подолга, поширока и повисока од претходниот  модел. Според првичните најави моделот „фабија“ ќе остане без електрифицирани изведби, односно ќе користи мотори со внатрешно согорување, додека нивната силина  ќе се пренесува исклучиво на предната оска преку обичен или седумстепен автоматски (дсг) менувач. Производителот не го обелодени точниот датума на првичното прикажување на новата фабија.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.