25 декември-БОЖИК ГОЛЕМ БРОЈ ХРИСТИЈАНИ ГО ПРАЗНУВААТ РАЃАЊЕТО ХРИСТОВО

24/12/2024

КАТОЛИЦИТЕ И ПРАВОСЛАВНИОТ НАРОД ШТО СЕ ВОДИ ПО НОВИОТ, ГРЕГОРИЈАНСКИ КАЛЕНДАР ГО СЛАВАТ ГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК. ТУКА БОЖИЌ СЕ ПРАЗНУВА НА 7 ЈАНУАРИ, ПО СТАРИОТ ЈУЛИЈАНСКИ КАЛЕНДАР, ИАКО НЕ СЕ ЗНАЕ ТОЧНО КОГА СИНОТ БОЖЈИ Е РОДЕН

 

Празничното расположение кај припадниците на западната, римска христијанска вероисповед и заедница во голема мера се врзува и со адвентот, време од четири недели пред Божик (Божиќ). Маркетите на отворено се дел од него. Исто така и украсувањето на елката и пеењето божикни песни, без исклучок на убавите, различни јадења. Прославувањето трае 12 дена, кулминирајќи на 12-тата ноќ. Наративно, Исус Христос е роден во Витлеем, согласно месијанското верување дека тој е нашиот спасител, дојден на земјата за да ни ги искупи грешките. Веднаш по пристигнувањето во градот, бидејќи во гостилницата немало слободно место, неговите родители се сместиле во блиската куќарка за добиток. Набргу Марија го родила Синот Божји. Ангелите ги известиле пастирите, кои ја прошириле убавата вест.

Името Божик е транскрибирано, анг. Christmas потекнува од фразата Cristes Maesse (христова миса). Но, доста често се поставува и прашањето за Xmas. Иако многумина веруваат дека се работи за некаква си модерна скратеница, вистината е инаква датира уште од 16 век. Наводно X го претставува грчкото Chi, првата буква на Χριστός (исто така се изговара Христос).

Забавата, доброто расположение за време на божиќните празници се подразбира. На пример, во Велика Британија се слави скоро идентично како во викторијанското време и натаму се праќаат честитки, се даваат подароци, крекери… Традиционално се меси пита со мелено месо, се пече мисирка (полнета)… Имено, кралицата Викторија многу се спремала за Божик. Оттогаш е и китењето на елката, без оглед на тоа што првпат е украсена во Германија во 16 век, на почетокот со овошје и ореви, а потоа со слатки, свеќи, лампиони од шарена хартија. Сепак, историчарите тврдат дека слична традиција имале и Римјаните и Египќаните (старите), кои ја славеле бесмртноста, вечниот живот со зимзелени дрвја и венци како негови симболи.

Многу занимливости се врзуваат со овие празници. На пример, Норвешка секоја година праќа божикна елка во Лондон, за плоштадот Трафалгар, како благодарност за тоа што Британија ѝ помогнала на нордиската земја во текот на Втората светска војна. Обично е висока 20 м, на која има стотици светилки.

Не можеме да зборуваме за Божиќ и притоа да не го споменеме Дедо Мраз, старецот со бела брада и мустаќи, со црвена бунда и ќулавка што дели подароци за божиќните и новогодишните празници. Името доаѓа од Синтерклаас и значи Свети Никола, на холандски. Во 4 век управувал со бискупија, бил познат по неговата добрина и великодушност. Како светец се смета за заштитник на децата. Но, Дедо Мраз има и своја конкурентка во Италија добрата вештерка Бефана која, исто така, дели подароци. А во Исланд, пак, децата ги оставаат чевлите до прозорците за 13-те тролови. Ако се послушни, во нив ќе најдат слатки. Во спротивно ќе добијат скапан компир.

Внимание предизвикува и фактот дека песната Jingle Bells не била отсекогаш божиќна, химната всушност е напишана во 1850-та за Денот на благодарноста. Вклучувајќи го и неоспорниот вистинит податок дека извесно време не се празнувало Раѓањето Христово во Англија, било забрането некаде во средината на 17 век. Но, кратко. Убавите работи едноставно траат долго.

За многу години!

 

 

Игор Ландсберг

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.