Барбакан бургер

30/05/2018

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Бургер лепче

Домашно спремено бургер месо (чисто телешко)

Домат 10гр

Кромид 10гр

BBQ сос 15мл

Марула 1 лист

Јајце 1 ком.

Чедар кашкавал 20гр

Сланина 20гр

Кану компир 100гр

Црвен и жолт сос

 

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Плескавицата најпрвин се пече, но не премногу, да биде средно печена. Веднаш врз неа се става чедарот да се растопи, а во исто време сланината ја прпоржуваме и јајцето на око го ставаме да се испржи. Откако ја имаме оваа припрема започнуваме со склопување на бургерот. На долното лепче ставаме марула, кромид и домат, ја додаваме плескавицата со растопениот чедар па сланината, па јајцето и на крај преливаме со BBQ сосот.

ВИ ПОСАКУВАМЕ ДОБАР АПЕТИТ!

 

Препорачано од ресторанот „Барбакан“

ПОВРЗАНИ СТАТИИ